Ден на сесловенските просветители Кирил и Методиј!

Written by on мај 24, 2020

24-ти мај, се прославува како Ден на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј, браќа родени во Солун во  IX  век, кои станале мисионери на христијанството помеѓу Словените од Голема Моравија и Панонија.

Светите Кирил и Методиј во Православната црква се прославуваат како „Свети рамноапостолни Кирил и Методиј, учители словенски“. Тие се еден владика и еден калуѓер: Кирил бил монах, а Методиј епископ и архиепископ. И двајцата биле многу учени луѓе. Вброени се меѓу најучените во цела Византиска империја. Нивното потекло било од Македонија. Тие го познавале својот народ и мајчиниот јазик. Затоа, на тој јазик го создале и првото писмо, азбуката и ги поставиле правилата за пишување.

Преку нивната работа тие влијаеле врз културниот развој на сите Словени, поради што ја добиле титулата Апостоли на Словените. Тие се заслужни за изумување на глаголицата, првата азбука искористена да се препише старословенскиот јазик.

Св. Кирил и Св. Методиј Солунски се родени браќа од Солун, во угледно и богато византиско семејство, од татко Лав и мајка Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил на гората Олимп и се предал на монашки подвиг. Подоцна му се придружил и Кирил (Константин Филозоф). Кирил и Методиј, познати како солунските браќа просветители, имаат голема улога во словенската историја. Нивното дело ги описмени словенските народи.

Во почетокот на IX  век била веќе подготвена солидна основа за поширока и поорганизирана мисионерска активност во Западна Бугарија. Во тоа време Византиската Империја доживува нов расцут на културен план, па овој бран ги заплиснува и градовите што биле оддалечени од Цариград, посебно Солун. Во првите децении на IX век во Солун живеело и семејството на висок службеник на царската власт, помошник на византискиот стратег на Солун и солунската област. Тоа бил Лав со својата сопруга Марија. Нивната народност е нејасна. Семејството имало повеќе деца, но се спомнуваат само имињата на најстариот – Методиј и најмалиот Константин. Дури не се спомнува и световното име на Методиј, кој ова го добил при замонашувањето.

На повик од царот Ростислав отишле во Моравија и таму ја распространиле и ја утврдиле православната вера, па ги умножиле книгите и им ги дале на свештениците за да ја подучуваат младината. А подоцна на повик од папата заминале за Рим, каде што Кирил се разболел и умрел, на 14-ти февруари 869 година. Тогаш Методиј се вратил во Моравија и до смртта работел на утврдувањето на Христовата вера меѓу Словените. По неговата смрт – а тој се упокоил на 6-ти април 885 година – неговите ученици Петочисленици, на чело со Свети Климент Охридски како епископ, го преминале Дунав на „сплав од три липови дрвја“ и пристигнале во Белград, тогаш во Бугарија. Началникот на Белград, ги испратил при царот Борис I.

Свети Наум останал во главниот град на Бугарија и ги поставил основите на Преславската книжевна школа, а Климент бил испратен во областа Кутмичевица, на југ во Македонија, каде што од Охрид продолжил да работи меѓу Словените на истото дело што го започнале неговите учители Методиј и Кирил на север.Во градот Охрид во 886 година ја формирал Охридската книжевна школа или попозната како „Прв словенски универзитет“, од кој излегле 3500 подготвени ученици, исто така, Свети Климент ја упростил глаголицата и ја создал кирилицата, која броела  44 букви,  и ја нарекол кирилица по својот учител Кирил.

По нивната смрт, нивните ученици Свети Климент и Свети Наум, охридските светители и чудотворци. Сава и Ангелариј, ја продолжиле нивната работа и дејност помеѓу Словените.

Инаку, двајцата браќа Св. Кирил и Св. Методиј, се почитувани во Источната православна црква како светци со титулата Еднакви со Апостолите.

Во 1880, Папата Лав XIII ја вовел нивната слава во календарот на Римокатоличката црква.

Во 1980, Јован Павле Втори ги прогласил за созаштитници на Европа, заедно со Бенедикт Нурсијски.

 


[There are no radio stations in the database]