Две години од смртта на легендарниот Оливер Драгојевиќ!

Written by on јули 30, 2020

Поминаа две тажни години, откако не остави  хрватскиот музички великан, Оливер Драгојевиќ, а во сеќавање на неговото богато музичко наследство, и оваа година во Вела Лука, се одржуваат концерти и манифестацијата „Trag u beskraj – Sjećanje na Olivera“.

Оливер остави незаменливо место на хрватската музичка сцена и во срцата на неговите обожаватели, а споменот за него несомнено живее со неговите безброј хитови.

Posted by Radio M – Vela Luka 90.1 MHz on Среда, 29 јули 2020

Вела Лука оваа недела живее со ликот и делото на Оливер Драгојевиќ, а вечерва се одржува и долго очекуваниот концерт, на пазарот пред црквата Св. Јосиф.

Свое учество најавија  долгогодишните соработници и пријатели на Оливер: Нина Бадриќ, Петар Грашо, Петар Драгојевиќ и Оливер Делфини, заедно со многу музичари, гудачки оркестар, сите под раководство на продуцентот Анте Геле.

Petar Graso @Oliver

Vela Luka ❤❤❤

Posted by Radio Dalmacija on Среда, 29 јули 2020


[There are no radio stations in the database]