Дац и Александар со роденденско видео за „Уште ми фалиш“!

Written by on октомври 12, 2020

Популарното дуо “Дац и Александар”, пред точно една година, на фестивалот Макфест 2019,  се претставија со нивниот хит „Уште ми фалиш“, со која го освоија второто место.

Песната која допре до срцата на слушателите, стана  дефинитивно најслушаната помеѓу двата фестивала.

Автор на музиката и аранжманот е Александар Митевски, додека стиховите заедничко дело на Митевски и Драган Спасов – Дац, а миксот и мастерингот на песната ги направил Бобан Василевски.

Оваа прекрасна балада полека станува дел од безвременските песни за сите генерации.

Денес, Дац и Александар, на нивниот ФБ споделија роденденденско видео.

-„ РОДЕНДЕНСКО ВИДЕО 🎁 На денешен ден, 12 октомври лани, се роди УШТЕ МИ ФАЛИШ. Ја пеевме на Макфест, промовиравме спот ❤️ Оттогаш оваа песна се залепи за вашите срца, поминавме стотици километри, ја пеевме заедно со вас насекаде низ Македонија, а се пее и во регионот. Ова роденденско видео е составено од многу коцкички среќа и љубов испратени од нашите фанови. Дац и Александар ќе продолжат да ве радуваат, да ви носат љубов насекаде. Споделете го ова видео и тагнете ги тие ШТО ВИ ФАЛАТ ❤️“


[There are no radio stations in the database]