Данијела со нова верзија на „Свилени“!

Written by on јули 15, 2020

На почетокот на годината, Даниjела Мартиновиќ , го претстави албумот „Неописиво“, албум кој всушност е  избор на нејзините најголеми хитови обработени на комплетно нов начин,

Овие денови, хрватската пејачка  ги изненади своите фанови, а воедно за својот роденден им подарува уште еден мегахит од 90-тите, во комплетно нова облека – музичка и визуелна, а станува збор за песната „Свилени“.

Новата верзија на песната е во џипси свинг аранжман, ритамот го прати стајлингот  инспириран од 40-те години, а како и тогаш, така и сега , видео спотот е изработен со врвна технологија.

Посебна нота на песната и даваат девојките од триото ‘Gelato sisters’.


[There are no radio stations in the database]