Дадо Топиќ, „Њујорк џипси ол-старс“ на „Бит-фест 2018“

Written by on јуни 25, 2018

Годинава на Бит Фест во Битола, доаѓа еден од најпознатите хрватски и балкански музичари, Дадо Топиќ. Имено,на 4 јули во пациото на Завод и музеј ќе се одржи Рок симфонијата на Камерниот оркестар Битола со кој ќе настапи легендарниот Дадо Топиќ.

Дел од ова 12. издание на фестивалот ќе биде и познатата светска музичка група „Њујорк Џипси Ол Старс“ од Њујорк, во која свири светски познатиот битолски и македонски кларинетист Исмаил Лумановски – Смајко.

Популарниот Смајко со својата интернацонална група во која свират музичари од Америка, Грција, Турција, Австралија, Порторико својот концерт ќе го одржи на 15 август, на Хералеја.
Ова е прв пат Исмаил Лумановски – Смајко, кој годинава беше добитник на највисокото признание на Битолски весник „Ајри Демировски“ да настапува со својот оркестар на Хераклеја.


[There are no radio stations in the database]