Давор Радолфи со нова летна балада!

Written by on јули 30, 2020

Давор Радолфи е еден од најголемите промотори на латинска музика во Хрватска, а неговата нова песна „Prođi kraj menе“, во ритамот на самба и румба, е како создадена за летните вечери.

За оваа љубовна балада, во која доминираат звуците на акустичните гитари, Давор Радолфи изјави дека  е една од неговите омилени песни што ги напишал.

Песната „Prođi kraj menе“ е трет сингл на Радолфи за само неколку месеци.

На крајот на минатата година, во соработка со помладите автори, Дарко Бакиќ, Лука и Хрвоје Прскал, ја објави песната „Voliš li me još“, а за време на карантинот го напиша својот прв дует со неговата ќерка Леа, „Novi čovjek sam sutrа“, песна за човек што го бара своето место. во животот.


[There are no radio stations in the database]