Давид Темелков ја претставува новата песна, тотално поинаква од другите

Written by on април 30, 2018

Момчето за кое копнеат бројни женски срца направи нов исчекор во својата кариера. Во манир на странските ѕвезди и со светска продукција, Давид Темелков ја претставува новата песна “Балерина од стакло”.

Новата композиција го носи препознатливиот потпис на повеќе пати наградуваниот автор Мирослав Рус кој е зслужен и за претходните два хита на Давид: “Љубов на далечина” и “Љубов” кои на прво слушање ја освоија публиката. Истовремено, Давид, под авторската палка на Рус вредно го приведува кон крај својот прв самостоен албум.

„Силно верувам во Давид и неговиот неограничен пејачки потенцијал. Се обидов да постигнам еден звук кој во моментов се “носи” во светот и верувам дека публиката тоа ќе го препознае, но и ќе не поддржи на нашиот пат. Мислам дека продукциски, ова е една од најмодерните песни кои сум ги направил”, изјави Рус.

Задоволството од направеното не го крие ни самиот Давид.

„Балерина од стакло е песна која созреа за една година и само го чекаше своето утро за да осамне како сонце. Композиција која носи дух на Балканот со светски призвук, која ги обединува сите од Охрид до истра. Интересно е тоа што секогаш кога ќе ја слушнам имам чувство дека ја слушам првпат. Мислам дека насловот сам зборува за песната“, вели Темелков.

Сето ова е резултат на макотрпната работа и труд кој Давид го вложува во себе и својот професионален пат, а што му се врати на најдобар можен начин.

Премиерата на новата песна на Давид Темелков ќе се случи на 2 мај, точно напладне, ексклузивно на Радио Бубамара.


Current track
TITLE
ARTIST