Давид Темелков ја воодушеви Хрватска

Written by on ноември 22, 2018

Македонскиот пејач Давид Темелков вчера го објави новиот сингл „Свијет се промијенио“ во соработка со авторот Мирослав Рус.

Освен што ги воодушеви своите обожаватели, Давид и изненади бидејќи на овој начин влезе и на фанки сцената.

„Со досега невидено музичко издание, Давид Темелков отвора ново поглавје во својата кариера“, воодушевено напиша dnevnik.hr.

„Мислам дека ја причитав неговата сила и предности и сега тргнуваме во нов правец. За која сила зборувам, може да се види веќе во првиот сингл од оваа серија, фанки песната под име ’Свијет се промијенио’. Давид тука го покажа сиот свој раскошен пејачки талент и, според мене, ја отвори вратата кон една многу сериозна пејачка кариера која со својот тим ќе знае и може да ја следи. Работата со него навистина ја доживувам како проект“, изјави Рус.

И самиот Темелков не го крие задоволството од новиот звук и песната.

„Многумина се изненадија кога ме слушнаа во вакво издание, а мене ми е мило што имам автор кој може да ги изрази сите колорити од мојот пејачки капацитет и му благодарам на бога за тоа. Пораката од песната е јасна, љубовта не може да исчезне, можеме само да не ја дадеме. Секој, па и најстудените срца, во моменти на слабост сакаат да бидат сакани, впрочем, како и сите ние“, порача нашиот пејач.


[There are no radio stations in the database]