Давид Темелков става точка на и!

Written by on ноември 27, 2020

Миленикот на публиката, по издавањето на Албумот „Дишам за нас„ продолжува во ритам кој освојува, ритам во кој пулсираат женските срца!

Иако е приватно таинствен, во новата песна Давид покажува сé освен таинственост. Поради неговите единствени вокални способности, но и поради неговата маркантна појава, од самите почетоци го плени вниманието на публиката, а поготово на женскиот дел кој го следи во чекор.

„ОГЛЕДАЛО„ е сингл со заразен ритам обоен со разни чувства, нешто пополно ново, позитивно и разиграно во кој најпознатиот балкански хитмејкер Миро Буљан уште еднаш го потврдува својот статус но и Давидовиот талент, а Соња Буљан сето тоа вешто го преточи во текст!

Со својата вокална доминација односно страст која извира од секој стих на оваа песна, „Давид става точка на и“ и го привлекува вниманието на публиката на прво слушање, поради што тој очекува песната „ОГЛЕДАЛО“ долго да владее со етерот на македонските и балканските радио станици.

Синглот „Огледало“ денеска напладне на Радио Бубамара ја имаше официјалната промоција за Македонија, а во следните денови можете да го слушате како Хит.


[There are no radio stations in the database]