Гуру Харе сними дует со Аки Ракимовски

Written by on мај 13, 2019

Познатиот музичар Игор Атанасовски- Харе направи дуетска песна со легендарниот рокер Аки Рахимовски од „Парни Ваљак“.

За новиот сингл насловен „Мајко“, снимен во студиото „Тавитјан брадрс“,Гуру Харе вели:

„Песната настана спонтано, во една дружба, без многу договорање и планирање, и е најблиска до некој македонски блуз. Аки сѐ уште го сочувал правилниот и убав македонски јазик и ја испеа песната токму на тој начин. Пријатно ме изненади. Дики Тавитјан направи одличен аранжман, токму онаков каков што замислував“,  изјави Гуру Харе кој е автор на музиката и на текстот на песната, а Диран Тавитјан ја продуцираше.

Спотот премиерно ќе се прикаже во емисијата „1 на 1“, на 19 мај, а Харе ќе ја раскаже комплетната приказна за соработката и за дружењето со Аки.

Во видеото се појавуваат тој и Аки во неформална дружба и во работна атмосфера, а приказната ја доловуваат и актерите Виолета Шапковска, Сеад Хаџиќ, Милан Тоциновски и Јан Теодоров.
Спотот е во режија на Огнен Шапковски, директор на фотографија е Кристијан Теодоров, а го изработи „Мелен продукција“.

Во меѓувреме, новата песна на Гуру Харе и Аки ја слушате како Хит на Радио Бубамара на секои два часа.


[There are no radio stations in the database]