Гуру Харе и Аки Рахимовски го промовираа спотот за песната „Мајко“

Written by on мај 20, 2019

Гуру Харе и Аки Рахимовски минатата недела ја објавија заедничката песна!

Станува збор за темата со наслов „Мајко“ за која познатиот музичар Игор Атанасовски – Харе вели дека е силна приказна.

Текстот и музиката се на Гуру Харе, а аранжманот и продукцијата на Диран Тавитјан.

Спотот за истата, премиерно беше прикажан вчера во емисијата „1 на 1“, каде Харе ја раскажа комплетната приказна за соработката и за дружењето со Аки.

Во видеото се појавуваат тој и Аки во неформална дружба и во работна атмосфера, а приказната на песната ја доловуваат и актерите Виолета Шапковска, Сеад Хаџиќ, Милан Тоциновски и Јан Теодоров.

Спотот е во режија на Огнен Шапковски, директор на фотографија е Кристијан Теодоров а го изработи „Мелен продукција“.


[There are no radio stations in the database]