Грејс Џонс доаѓа на фестивалот Егзит

Written by on јуни 18, 2018

Една од најважните светски уметници на современата доба, револуционерната музичка икона, супермодел и филмска ѕвезда, вистински бесмртната – една, единствена и неповторлива Грејс Џонс доаѓа ова лето на фестивалот Егзит во Нови Сад.

На сцената на фестивалот, таа ќе им покаже на сите дека уште пред Мадона, Лејди Гага и Ријана, прва ја воведе авангардната уметност во светските музички текови.

„Воуг” ја прогласи за „ултимативна модна муза”, а музичкиот авторитет „Ролинг Стоун” – за „неодолива уметничка, модна икона и симбол”. Премиерата на биографскиот документарен филм за арт-рок ѕвездата – „Grace Jones: Bloodlight & Bami“ беше на Филмскиот фестивал во Торонто.

 Фестивалот Егзит ќе се одржи од 12 до 15 јули на Петроварадинската тврдина во Нови Сад, а на него ќе настапат Дејвид Гета, Зиги Марли, Фивер Реј, ЛП, Алис Мертон, Нина Кравиц, Мигос, Ричи Хотин, Адам Бејер, б2б, Ида Енгберг, Мацео Плекс, Соломун, Амели Ленс, Бен Клок, Џекс Џонс, Офенбах, Махмут Орхан, Карл Крег, Тејл оф Ас, Севдализа, Ејжн Даб Фандејшн, Елдербрук, Бурак Јетер, Медбол, Брујери, Слепшот, Кокни Реџектс, Дог Ит Дог, Слејвс, Идлс и многу други.

[There are no radio stations in the database]