Горан Каран со нова емотивна балада!

Written by on ноември 4, 2020

Горан Каран ја претстави новата песна „Има једно свјетло“ за која е снимена и прекрасна видео приказна.

Станува збор за емотивна балада, која сплитскиот кантавтор ја посвети на Анамарија, девојката која животот го загуби во земјотресот во Загреб оваа година.

Инаку, Горан Каран ја реализираше својата идеја во соработка со Горан Качуров, кој живее во Нов Зеланд, и новозеландскиот квартет „The Shades“.

Музиката и текстот ги потпишува Горан Каран, продукцијата и аранжманот се на Никша Братош, а вокалниот аранжман за „The Shades“ е на Горан Качуров.

„Тоа е нетипична песна, збогатена со музичките таленти, култура и срца на Самсон, Ипу, Така и Манасе, четворица неверојатни уметници, кои Горан Качуров ги вметна во песната и создаде музичка бајка со својот извонреден вокален аранжман“, истакнува Каран.

Видео спотот пак,  поради пандемијата со корона вирусот, сниман е одделно – „The Shades“ го снимаа видеото на Нов Зеланд, а Горан во Хрватска.

Завршните кадри се магични!


[There are no radio stations in the database]