Горан Каран го објави новиот сингл “Дуго нисам био млад” !

Written by on јуни 30, 2020

Хрватскиот кантавтор Горан Каран,  го објави новиот сингл “Дуго нисам био млад” и видео приказна која секако нема да остави никого рамнодушен.

Имено, за новата песна, за која текстот и музиката ги напиша тој самиот, вели дека е прекрасна и ја посветува на сите оние кои повторно љубат.

Настанала веднаш по неговиот прв настап, кога тој со коцерт имал чест да го отвори Паркот Равне.

Оригиналот е на англиски јазик , со наслов  „My legacy is love”, но сепак одлучил да ја пее на хрватски, бидејќи според него зборовите најдобро се чувствуваат на „својот“ јазик.


[There are no radio stations in the database]