Гиле од Оргазам и „Magic Bush“ со заеднички албум!

Written by on јануари 24, 2020

Симболично со „Свечане беле кошуље“, кон крајот на 2019 година, Срѓан Гојковиќ Гиле и бендот „Magic Bush“ го најавија албумот „Ретко свиране песме“.

Имено, на единствениот концерт кој Гиле и „Magic Bush“ го одржаа во Домот на младината во Белград, во март 2018 година, беа изведени песни на „Електрични оргазам“ кои не биле изведувани никогаш во живо, или пак биле, но многу ретко.

Благодарејќи на издавачката куќа „Одличан хрчак“ и СОКОЈ, кои ја поддржаа оваа идеја, live верзиите на песните се овековечени на албумот „Ретко свиране песме“.

Иако не е практика првиот сингл да биде песна за затворање на албумот, оваа верзија на „Свечане беле кошуље“ ги сублимира емоциите што се испреплетени меѓу членовите на групата и публиката на концертот, и затоа од 21 песна од овој албум, Гиле & „Magic Bush“ ја избраа токму неа.

Покрај песните на Електричен оргазам, live изданито на „Ретко свиране песме“ вклучуваат и композиции од соло кариерата на Гиле и песни што ги творел за филмовите „Како је пропао рокенрол“ и „Црни бомбардер“.

Но, пред се, овој албум се издвојува по музичките остварувања кои се произлезени од соработката со Влада Дивљан, на кого всушност му е и посветен албумот.

Според зборовите на Гиле, ова не е готов проект, бидејќи соработката со бендот „Magic Bush“ ќе продолжи и понатаму во вид на студиски албум со нови заеднички песни.

Новиот албум „Ретко свиране песме“ веќе е достапен на ЦД и на дигиталните платформи, а неговата концертна промоција Гиле и бендот веќе ја започнаа уште во првите денови на јануари месец со настап во Белград.


[There are no radio stations in the database]