Германскиот Паганини, Дејвид Гарет со концерт во Скопје

Written by on септември 23, 2019

Во рамките на светската турнеја „Неограничено“, според новиот албум „Неограничено во живо“ (UNLIMITED-GREATEST HITS-LIVE), кросоувер ѕвездата од Германија, Дејвид Гарет ќе ја прослави 10-годишнината од своите кросоувер-изведби и со концерт во Скопје, на 25 септември во А1-арена „Борис Трајковски“.

 

“Неограничено“ не е само наслов на турнејата: тоа е неговата лична филозофија во животот.

Паганини меѓу поп-ѕвездите и Џими Хендрикс меѓу виолинистите, Дејвид Гарет го нарекуваат и „ѓаволски виолинист“ од нашата ера, меѓународна суперѕвезда која ги заматува линиите меѓу Моцарт и „Металика“. Неговите албуми се продаваат во милионски тиражи, а има добиено 24 златни и 16 платинести награди ширум светот.

Свири на виолина „страдивариус“ од 1710 и на „џовани батиста гвадањињи“ од 1772 година.

Обожуван од милиони обожаватели низ целиот свет, досега има продадено милиони билети и добиено 24 златни и 16 платинести награди во најразлични земји како што се Хонг Конг, Германија, Мексико, Тајван, Бразил, Сингапур и многу други. Со својата харизма на рок-ѕвезда и вродена виртуозност тој е еден од најдобрите инструменталисти на нашето време. .


[There are no radio stations in the database]