Златна бубамара како терапија за сите наши болести

Written by on февруари 28, 2020

Уште едно спектакуларно издание на Златната Бубамара на популарноста е зад нас. Бидејќи смеењето го јакне имунитетот, сите учесници и гледачи на 23. издание на Златната бубамара, по синоќешната манифестација, се чувствуваат спремни за битка со сите наши вируси – од сезонски грип и ковид 19 до актуелните политички болести.

Во присуство на многу популарни личности од естрадата, спортот и уметноста, доделени се 27 награди во повеќе категории, исцрпени се сите актуелни теми кои ни го окупираа вниманието, заслужуваа и добија соодветен третман и одбележани се најголемите достигнувања во текот на минатата година.

Нема правда, има Бубамара!


[There are no radio stations in the database]