Во Крушево и годинава ќе се одбележи роденденот на Тоше

Written by on јануари 14, 2019

На 25 јануари со низа манифестации во Крушево ќе се одбележи 38-от роденден на нашата легенда Тоше Проски.

Поп пејачката Елена Ристеска по тој повод ќе настапи и ќе испее неколку песни во Спомен куќата на Тоше Проски во Крушево.

И изминатите години со најразлични манифестации, промоции на необјавени песни, концерти, хуманитарни акции, уметнички изложби и слични настани, беше одбележуван роденденот на најголемата музичка ѕвезда во регионов, кој за жал настрада во сообраќајна несреќа во Нова Градишка, Хрватска во 2007 година.


[There are no radio stations in the database]