Влезниците за „Златна бубамара 2019“ во продажба од 6 февруари

Written by on февруари 1, 2019

Драги наши отруени и запоставени граѓани, доколку сè уште верувате дека има останато некој нормален во нашата држава – доаѓа денот кога можеме да се собереме и заедно да провериме, да се проветриме и да уживаме во најновото издание на Златна бубамара на популарноста.

Време е – ДА СЕ ПРЕДАДЕМЕ! – на музика, смеа и работа. Откако се оддадовме на лажење, крадење и неверства,……..

Ова е мотото на годинашната Златна Бубамара која ќе се одржи на 21 февруари во  ВИП арената „Борис Трајковски“, а влезниците за претстојното, 22. по ред издание ќе бидат пуштени во продажба на 6 февруари (среда) во 12.00 часот напладне, преку продажната мрежа на „Мк Тикетс“.

Убави работни денови со екипата која 14 години ја подготвува сценографијата и аудивизуелниот изглед на Златна Буба мара 🌟🎸🎻🎹🥁Бината е подготвена! Сценариото е јавна тајна 😀Не очекува незаборавен музички спектакл на 21.февруари 2019 😀 Од нас добивте 22 години -па кој Ви има дадено повеќе? 😉👏🏻👏🏻


[There are no radio stations in the database]