Влатко Стефановски Трио на „Рокеријада“ во Петровац на Млава

Written by on јуни 1, 2018

Еден од светски најпризнатите музичари од просторот на поранешна Југославија, Влатко Стефановски со своите колеги ќе настапи како главна ѕвезда на претстојниот фестивал Рокеријада“, кој ќе се одржи на 31 август и 1 септември во српскиот град Петровац на Млава, соопштија организаторите.

 

Рокеријадата“ како фестивал првично се одржа во 2016 година, по повод прославата од 50 години рокенрол во Петровац на Млава,а после мошне успешните изданија во 2016 и 2017 година, организаторите одлучија да направат неколку крупни програмски чекори, така што „Рокеријада 2018“ за сите љубители на рок-културата подготвува низа нови програмски целини.

Еден од новитетите е натпреварот на млади рок-бендови од Србија.

Освен квалитетните авторски локални бендови, публиката следниот ден на градскиот плоштад во Петровац на Млава ќе има можност во живо да го види и светски познатиот и признатиот Влатко Стефановски.


Current track
TITLE
ARTIST