Влатко Стефановски специјален гостин на Стинг во Скопје

Written by on мај 8, 2019

Нашиот легендарен виртуоз на гитара, Влатко Стефановски, ќе биде специјален гостин на концертот на светската ѕвезда Стинг, кој по втор пат ќе дојде во Скопје и Македонија на 2 јуни.

Информацијата ја потврдија и  од Авалон продукција кои велат дека само еден човек може да му биде специјален гостин на Стинг, на евентот „Skopje Calling“ на Градски стадион, а тоа е нашата легенда Влатко Стефановски.

Ова нивно мислење го поддржале  и од менаџментот на Стинг.

Па така, со задоволство најавуваат дека на 02-ри јуни, со почеток во 20 часот, на огромната сцена ќе биде Влатко Стефановски со своето трио.

Во продолжение да се потсетиме на маестралната изведба на: „Учи ме мајко, карај ме” отсвирена од Влатко Стефановски и неговиот син Јан, придружувани од хорот „Мирче Ацев“ и „Танец“, на овогодинешната Златна бубамара на која доби и награди за концерт и албум за 2018 година.


[There are no radio stations in the database]