Влатко Стефановски со својот син Јан на иста сцена

Written by on декември 25, 2018

Нашиот гитарски виртуоз Влатко Стефановски, минатиот викенд беше дел од концертот „Сè што ви треба е љубов “, на кој настапи и хрватската свезда Џибони.

Освен што публиката уживаше во хитовите на врвните музичари,  на изненадување на сите, следеше претставувањето на  Јан Стефановски, синот на Влатко, кој својот татко го придружуваше на тапани.

Јан дојде на сцената и отсвири неколку композиции заедно со Влатко. Култната „Учи ме мајко карај ме“, Јан ја донесе со голема енергија.

„ А сега, на сцената ќе повикам еден млад музичар, на тапани. Тоа е мојот син, Јан Стефановски“, го најави Влатко синот на концертот. Јан одлично се вклопи во „Влатко Стефановски трио“, а публиката го препозна неговиот талент и го награди со аплаузи.


[There are no radio stations in the database]