Влатко Стефановски одржа соло концерт пред ХНК во Загреб!

Written by on јули 30, 2020

Врвната гитарска претстава за стари и млади пред Хрватскиот народен театар во Загреб, која пак беше дел од фестивалот „Св. Марко“, а се случи синоќа, го потврдува и натаму статусот на Влатко Стефановски како -виртуоз на гитарата.

Прекрасни зборови ја опишуваат голема фасцинација кон настапот на Влатко Стефановски.

Имено, хрватскиите медиуми пишуваат дека соло концертот на наши0т гитарски виртуоз, пред хрватскиот народен театар, е врв на летната културна понуда во Загреб.

Меѓу избраните песни, за овој прекрасен „open air“ концерт, се најдоа песните  што тој ги изведе првпат со групата „Леб и сол“, публиката уживаше и во народните етнокласици „Абер Дојде Донке“ и „Јовано, Јованке“, како и авторските дела „Чукни во Дрво“ од албумот „Путујемо“ од 1989 година, „Бистра вода“ од албумот „Калабалак“ од 1983 година и „Чувам ноч од будних“ од албумот „Као какао“ од 1987 година.

Koncert ispred HNK Zagreb

Posted by Julio Frangen FOTO on Среда, 29 јули 2020

Публиката исто така, беше почестена и со „Uspavankа za Radmilu M.“ од  групата Бело дугме (која тој исто така и ја свири на албумот) и главната тема од филмот „Gipsy Magic”, која Стефановски и ја отпеја.

Vlatko Stefanovski -Večer s virtuozom na gitari… Predobro 🇲🇰🎸❤️/3.

Posted by Olga Čiček on Среда, 29 јули 2020

На синоќешниот концерт не изостанаа ниту македонските традиционални мелодии како „Касапско оро“, „Јано мори“, „Огреала месечина“, „Димитријо, сине Митре“ и „Македонско девојче“, кои се присутни на неколку негови албуми, но секогаш во различни аранжмани.

Vlatko Stefanovski, Zagreb – 29.07.2020. 1

Vlatko Stefanovski, Zagreb – 29.07.2020. 1

Posted by Beti Petrovska on Среда, 29 јули 2020

Веќе денес, Влатко Стефановски е во Сплит, каде има настап ви рамките на „Сплитско лето“.


[There are no radio stations in the database]