Влатко Стефановски на летна турнеја по Јадран!

Written by on јули 25, 2020

Нашиот гитарски виртуоз Влатко Стефановски, пред самиот крај од јули месец, ќе ја започне летната турнеја по Јадран.

Хрватските медиуми веќе пишуваат и ги најавуваат неговите концерти:

-„Доколку сакате да ја разубавите вашата летна вечер со романтични звуци од гитара и совршени музички акорди, дојдете на еден од феноменалните концерти подготвени за вас од ВЛАТКО СТЕФАНОВСКИ!“

На 30 јули, почетокот на турнејата ќе биде одбележан со акустична варијанта како дел од 66-то Сплитско лето и програмата „Split Soul“. Стефановски ќе настапи во прекрасен амбиент во Сплитскиот Сустипан.

Потоа, на 4 август, ќе настапи на Летната сцена во Опатија, а два дена подоцна, на 6 август, во Шибеник.

Ова лето, Макарска исто така, ќе има можност да биде домаќин на еден од најдобрите гитаристи, на 11 август.

На самиот крај на турнејата, Влатко Стефановски ќе има концерт во  Дубровник.

 

Овој концерт, како дел од летната турнеја во 2020 година, ќе се одржи на 13 август во прекрасниот амбиент на киното Славица.


[There are no radio stations in the database]