Влатко Лозаноски со нова песна и спот “Надеж”

Written by on ноември 6, 2018

Влатко Лозаноски – Лозано подготви уште еден хит за својата публика.

По летниот хит „Јако, јако”, Лозано овој пат со прекрасна балада која носи наслов „Надеж”.

Како и за претходните песни на Лозано, така и за оваа како автори се потпишуваат, кој друг ако не, тандемот Лазар и Магдалена Цветковски, додека спотот го изработија момците од „Веста продукција”.

Баладата „Надеж” е дел од третиот албум „Десет”, на кој што промоцијата е започната уште пред неколку месеци.


[There are no radio stations in the database]