Владо Јаневски со ново видео го најави концертот

Written by on март 6, 2019

Владо Јаневски вчера на прес конференција го најави својот концерт што во ВИП Арената “Борис Трајковски” ќе го одржи на 16 март, а со кој ќе прослави 25 години кариера.

Тој исто така го промовираше и спотот за својата најнова песна „Откако си негова“ во режија на Дарио Јанковиќ,  сниман на неколку локации низ Македонија.

На Вера Мештеровиќ, Мис на Македонија за 1996 година, и е доверена главната улога во спотот на новата песна, а по долги години и самиот Јаневски се појавува во видеото.

За своето долгогодишно правило, да не се појавува во своите спотови, пејачот на шега рече: „ Хрватите ми ставија нож под грло да се појавам во спотот“, а потоа  објасни дека новата песна е работена и за македонскиот и за хрватскиот пазар, на двата јазика, во студиото на продуцентот Никша Братош.


[There are no radio stations in the database]