Владо Јаневски им подари прекрасен концерт на своите фанови

Written by on март 18, 2019

Во саботата вечерта Владо Јаневски одржа прекрасен концерт во ВИП Арената „Борис Трајковски“, со кој одбележа јубилеј, 25 години кариера.


Се редеа хитовите „Евергрин“, „Десет девојки“, „Некогаш и негде“, „Чаирска романтика“, „Од овој ден“…, најновата „Откако си негова“, а по првите звуци на „Црно тиквешко“ во салата светнаа илјадници мобилни телефони.

И самиот Владо, призна дека четири години пауза од првиот концерт во салата „Борис Трајковски“ се многу долг период, па вети дека во иднина нема да чека толку долго за повторна средба со скопјани, но и со неговите обожаватели од цела Македонија.

фото:Горан Десковски


[There are no radio stations in the database]