Викторија Лоба со две нови песни

Written by on ноември 6, 2018

Feel It на англиски и Над небото на македонски јазик се новите песни во таканаречен deep house музички правец, кои Викторија Лоба на својот Youtube канал ги промовираше со видео записи.

Автори на композициите се македонските продуценти Marga Sol и Darles Flow, а Лоба го креираше текстот за македонската верзија.

Видеата комплетно се изработени од Дарко Митев и се снимени на островот Санторини во Грција, со локација на Buddha-Bar Beach барот во сопственост на луксузниот хотел La Maltese Estate Santorini. Лоба во спотовите е облечена во креациите на модниот дизајнер Папаз.

Албумот се очекува да излезе на музичкиот пазар до крајот на годината на македонски и англиски јазик со работен наслов Нов Свет.


[There are no radio stations in the database]