Викенд на Ѓорѓе Балашевиќ на Радио Бубамара
Written by Р.Б. on февруари 21, 2021
Во спомен на еден од најголемите кантавтори и музичари од просторите на поранешна Југославија, Радио Бубамара од петокот вечер пушта само песни во изведба на Ѓорѓе Балашевиќ.
Тој почина од компликации со корона вирусот, на 67-годишна возраст и предизвика бура од емоции кај сите што ги сакаа неговите песни. Цел викенд, слушателите на Радио Бубамара можат да уживаат во нив и да се потсетат на прекрасните моменти што им ги приреди Балашевиќ.
На испраќањето на српскиот кантавтор се приклучија и скопјани кои синоќа пред Универзална сала се собраа, последен пат да го испратат „панонскиот морнар“.