Викенд во знакот на 60-от Сплитски музички фестивал!

Written by on јули 13, 2020

Oвој викенд, градот под Марјан, Сплит, беше во знакот на јубилејниот 60-ти Сплитски музички фестивал.

Сплитските  Прокуративи на  шармантнен начин се прилагодија на ново настанатата ситуација поради пандемијата  со коронавирусот, и почитувајќи ги пропишаните мерки за заштита од ковид 19, понудија вистинско музичко уживање, дружење и фестивалска атмосфера со стари и нови хитови.

А се започна со ретроспективната вечер-„Нима Сплита до Сплита“, која секако не можеше да помине без големите хитови на легендата Оливер Драгојевиќ.

Марко Тоља, Теди Спалато, Петар Драгојевиќ и Зорица Конџа изведоа некои од неговите најлегендарни песни.


Победници на годинешното јубилејно 60-то издание на Сплитскиот фестивал се Нено Белан и актерката од Сплитскиот ХНК Зорана Качиќ Чатиповиќ, кои во дует ја отпеаја песната „Чаробна ствар“, чии стихови ги напиша Алка Вуица, а по нивната изведба, публиката на Прокуративите ги награди со прво место и Златен галеб.

Според стручното жири, третото место на годинашниот Сплитски фестивал го освои Горан Каран, второто  Теди Спалато, додека првото место, а со тоа и наградата Златен бран (Златни вал), и припадна на Лорена за песната „Како само матер зна“ од авторскиот двоец Тончи и Вјекослава Хуćиќ.

Оваа песна беше оценета како најдобра и од акредитираните новинари.

Публиката го додели третото место на Томислав Бралиќ и Клапа Интраде, додека второто место му припадна на Марко Тоља за песната „ О теби овисан“.

A, Mарко Тоља со уште една награда. Имено, заедно со Миа Димшиќ, за песната „Сва блага овог свијета“,добија признание за најслушана песна од минатогодишниот фестивал.

Интересно, Фрајле и оваа година беа дел од фестивалската програма со песната „Воли ме годинама“, а покрај многубројните комплименти се закитија и со наградата за најдобра интерпретација.

Вредно за спомнување, прекрасен настап на првата вечер на Сплитскиот фестивал, на ретроспективната вечер, имаше и музичката дива Дорис Драговиќ.


[There are no radio stations in the database]