Васил Гарванлиев со „Ѓердан” победник на World Folk Vision 2020!

Written by on јули 6, 2020

Mакедонскиот исклучителен баритон Васил Гарванлиев, кој изминативе години, кариерата успешно ја градеше на меѓународните сцени (Чикаго, Милано, Торонто, Лондон) во сферата на класичната музика, но и во водите на поп-музиката, на македонската јавност и е познат уште од пред дваесет години по детскиот евергрин Марионка.

Оваа година, беше избран да ја претставува Македонија на Евровизија, која поради пандемијата со коронавирусот , за жал имаше само ревијален карактер.

Во меѓувреме, Global Culture Initiative, минатата недела ја објави листата со победници на фестивалот World Folk Vision 2020.

 

Во категоријата за најдобра песна победник е токму нашиот овогодишен преставник на Евросонг – Васил Гарванлиев со песната „Ѓердан”, која беше објавена во септември 2018.

 

-Се уште не ми верно, чест ми е што ја претставувам Македонија на ваков светски реномиран фестивал, и особено сум среќен што одлучивме токму со „Ѓердан” да учествувам – песната која ја посветив на нашата татковина и која ме врати назад во моето родно место. Оваа награда ја посветувам на сите тие што веруваа во мене, на мојата земја и на сите уметници кои творат и не се откажуваат од својот сон дури и во вакво време- вели Гарванлиев.

На овој  глобален фестивал учествуваа над 4000 реномирани уметници  од пет континенти, а гласањето траеше еден месец и воедно беа вклучени 44 члено професионално жири од повеќе земји од светот.

Организаторите известија дека над 26 милиони гласачи од 150 земји  одлучиле за победниците во три категории: инструменти, глас и танц кои оваа година поради новонастанатата ситуација со Ковид19 се одвиваше на нивната платформа онлајн.

Ова е историски момент за македонската музичка сцена и прва голема победа на Васил на интернационално ниво.

Инаку, со песната „Ѓердан“, за која музиката ја напиша Саша Драгиќ, текстот  Весна Малинова со аранжман на Диран Тавитијан, Васил ќе настапи на гранд финалето кое ќе се одржи од 1-7 ноември оваа година во Катар.


[There are no radio stations in the database]