Васил Гарванлиев промовираше нова песна – „ПриКазна“

Written by on август 5, 2020

Од вчеравечер на официјалниот Јутуб канал на Васил Гарванлиев може да се види видеозаписот на неговата најнова песна „ПриКазна“. Ова е втора песна годинава, по евровизиската „Yоu“, со која Васил требаше да настапи на 65-тото издание на Евровизија во Ротердам, одложено поради пандемијата со ковид -19.

Верен на својот стил, естетика и скриени пораки, Васил и овој пат низ уникатен уметнички израз ја раскажува неговата приказна преку “борбата„ во и со себе, а воедно и со се што во моментотов ни се случува. Текстот е на Тања Брковска, автор на музиката е Васил, а аранжманот е на неговиот долгогодишен соработник и композитор Давор Јордановски. Видеозаписот го сработи Digital Box продукција од Охрид во соработка со Ристе Филипов и креативниот директор Јелмаз Дервиши.

„ПриКазна“ е дел од новиот албум на Васил кој е во завршна подготовка и се очекува да биде објавен оваа есен.


[There are no radio stations in the database]