Вардаре шампионе!!! Македонијо радувај се !!!

Written by on јуни 3, 2019

Македонскиот првак Вардар испиша нова страница во својата историја и ја освои втората титула во Лигата на шампионите.


Во големото финале на завршниот турнир во Келн, вардаровите ракометари беа подобри од Веспрем, а со тоа втор пат во последните три сезони пехарот отиде во рацете на нашите херои.


И покрај исцрпувачкиот меч против Барселона во полуфиналето, момците на Парондо уште еднаш покажаа карактер и одиграа неверојатни 60 минути во големото финале, а ЕХФ со триминутно видео ги издвои најитересните моменти од мечот кои  вечно ќе бидат запишани во „црвено-црната“ бајка.

„Ова е приказна која ако ја напишеш, луѓето нема да ти веруваат“, вака Европската куќа на ракометот го опиша синоќешниот успех на македонскиот ракометен гигант Вардар.
Многу поранешни вардарци не пропуштија да им честитаат на ракометарите, стручниот штаб и навивачите на Вардар за втората европска титула.
Еден од поранешните тренери и човекот кој и денес е миленик на „Комитите“, Веселин Вујовиќ неколку минути по завршувањето на натпреварот во „Ланксес Арена“, од Белград порача:
„Чувството како поранешен тренер на Вардар во овој момент е неверојатно. Постојано сум во контакт со играчите, со навивачите и ова е подвиг кој тешко се објаснува. Можам да замислам како тие се чувствуваат. Ова е порака за цела Македонија. Мора да биде во Статутот на земјата дека Вардар не смее да згасне“.


Покрај македонските навивачи, ракометарите на Вардар во Келн најголемата поддршка ја имаа од коментаторите на „Арена Спорт“ телевизија Сретен Рашковиќ и Стеван Стевановиќ.
Тие во двата преноса против Барселона и против Веспрем отворено беа на страната на Вардар, се радуваа на секој нивен гол и ги фалеа потезите на нашите играчи.
Синоќешното финале со Веспрем го завршија извикувајќи гласно:
-Вардар е првак на Европа. Радувај се, Македонијо и чувај го овој клуб.


Посебен ќе биде и дочекот на експедицијата на европските прваци вечерва на полноќ и славјето кое се предвидува во вторник во главниот град.


Имено, Комитите објавија:
-Ја Повикуваме цела Црвено-Црна Апмија и цел Македонски народ заедно со овој голем успех да ја прославиме Храброста, Истрајноста, Борбеноста, Непокорот а со малку повеќе среќа и Божја волја – Втората Европска Титула !!!
Оваа Парада на Гордоста воедно е и прослава на нашиот 32 Роденден !!!
Ги повикуваме ЈСП Скопје и приватните превозници да им овозможат на сите оние кои немаат сопствен превоз до Аеродромот а горат од желба да ги пречекаат јѕнаците тоа да им го овозможат. Дополнително ќе се објави место за Собир.
СПОДЕЛУВАЈТЕ !!! – стои во повикот на Комитите објавен на фејсбук.
Настанот е закажан за денес, 3 јуни.
Шампионите полетуваат денес, 03.06 од Аеродромот во Дизелдорф во 18:50ч. Преку Виена на Аеродромот Александар Македонски слетуваат во 23.55ч.
Значи денес, 03.06 во 23.55ч. СИТЕ НА АЕРОДРОМ !!!
Прославата се поклопува точно со датумот на 32 годишнината од основањето на навивачката група Комити.
Има ли подобар начин да се прослави роденден ? – стои на повикот.

фото: фб РК Вардар


[There are no radio stations in the database]