„Вардаре, не те оставаме“-нова навивачка химна за Вардар

Written by on мај 21, 2019

Македонскиот ракометен првак Вардар доби нова навивачка химна!

Екипа „АСОВИ“ и Александар Митевски направија преработка на песната „Признавам“ од Маријана и Росана, а истата го носи името „Вардаре, не те оставаме“.

Автор на истата е Тоде Новачевски, аранжер и продуцент е Александар Митевски, додека продуцент е Бобан Василески.

Имено, оваа песна за прв пат можевме да ја слушнеме од група навивачи на Вардар кои се враќаа од Унгарија, откако Вардар успеа да обезбеди пласман на Ф4 турнирот во Келн.

А, Вардарци го стартуваат Ф4-турнирот во Келн на 1 јуни, кога во рамките на полуфиналето играат против една од најдобрите екипи според формата оваа сезона, тимот на Барселона, а навивачите на „црвено-црните“ со нова песна  ќе ги бодрат своите миленици во Германија.


[There are no radio stations in the database]