Ван Гог за Среќна Нова 2019-та ви порачува-„За солзи нема време!„

Written by on декември 17, 2018

Групата Ван Гог ја објави новата песна „За сузе нема времена“, која ќе се најде на нивниот нов албум со наслов „Море без обала„.

Песната беше промовирана денес во 12 часот.

Ова е десетти студиски албум и излегува по точно пет години од нивното последно студиско остварување.

Албумот „Море без обала„ носи бран на звучна свежина низ десет нови песни, со силен енергетски набој и со препознатливиот печат на вангоговската поетика.

Албумот ќе го види светлото на денот на 13 февруари оваа година и излегува под етикетата на Ван Гог Продукција.

-Ви предлагаме во старата година зад себе да го оставите се она што ве правеше несреќни и со насмевка да се свртите кон оние што најмногу ги сакате, бидејќи „За солзи нема време!„ Среќна Нова 2019 Година од целиот тим на групата Ван Гог, вели фронтменот Звонимир Џукиќ Џуле.


[There are no radio stations in the database]