Ван Гог го промовираа првиот спот од проектот „Проба за ново доба“

Written by on октомври 28, 2020

По серијата „карантински“ свирки од улиците и од некои студиа, кои членовите на култниот бенд Ван Гог им ги подарија на својата публика за време на пандемијата, а кулминацијата ја достигнаа со мартовскиот концерт во траење од дури 12 часа, Џуле, Срба и Драган се вратија на веќе започнатата патека – рокенрол „зад сцената“ со нов, интересен потфат.

Како дел од новото видео издание „Проба за ново доба“ на 27 октомври во 12 часот на каналот на Ван Гог на Јутјуб, како и на страниците на Фејсбук и Инстаграм, за прв пат беше прикажан спотот за песната „Не волим те ко пре“. . Песната ја свиреа во живо на проба, а видеото го снимија самите членови на бендот со своите мобилни телефони. Сировиот звук во видеото е автентичен запис на моментот од „дневната соба“.

Да ве потсетиме, „Више те не волим ко пре“, е песна од десеттиот студиски албум „Море без обала“.

Како дел од идејата за проектот „Проба за ново доба“,  е бендот периодично да изведува песни во живо од нивните дневни соби, каде што живеат со години,  и како што велат, во отсуство на одлични концерти, барем вака, со нивните свирки ,да им го разубават престојот дома.


[There are no radio stations in the database]