„Ванила“ од Антонија и Панчо

Written by on јули 12, 2018

“Ванила“ е најновата песна на младата пејачка Антониа Гиговска, во која гостува и познатиот аренби пејач Панчо од дуото „ДНК“.
Станува збор за брза песна со летен ритам, а како автори на неа се потпишуваат најдобрите хит-мејкери во земјава, Лазар и Магдалена Цветковски.
Спотот е снимен во една приватна вила во Скопје, а во него покрај Антониа и Панчо се појавуваат и девојките од „Бетрикс“, додека пак за стајлингот беше задолжена Викторија Бурсак, а Даниел Николовски беше одговорен за шминката и фризурата.


[There are no radio stations in the database]