„Божиќна песна“ досега необјавена песна на Влатко Илиевски!

Written by on декември 17, 2020

Вчера премиерно беше пуштена „Божиќна песна“, песна на Влатко Илиевски која ја снимил со хорот „Златно славејче“, но досега не била објавена.

Музиката и аранжманот се на Кире Костов, текстот го напиша Љупчо Јакимовски, а снимена е во студиото „Торус“ на Александар Митевски.

Нашата голема музичка ѕвезда, која не напушти пред две години, остави многу хитови зад себе, но и песни, кои, за жал, не стигна да им ги претстави на своите многубројни обожаватели во земјата и надвор од неа.

Една од нив е и „Божиќна песна“.

Пред извесно време беше издадено и цеде со најголемите хитови на Влатко, насловено „За љубов се пее до крај“, а песните што популарниот пејач се подготвувал да ги стави на новиот албум исто така наскоро ќе ѝ бидат претставени на јавноста.

Хитовите на Илиевски може да се слушнат и на неговиот музички канал на Јутјуб, а во подготовка е и монографија за него.

Во план е и организирање концерти „Пријателите за Влатко“, но поради пандемијата на коронавирусот, тие ќе почекаат подобри денови.


[There are no radio stations in the database]