Божикниот хит на Мараја Кери, по 25 години, конечно, прв на листата

Written by on декември 24, 2019

Мараја Кери (49) се најде на првото место на Билбордовата листа „Хот 100“ со божикниот хит  „All I Want for Christmas Is You“, и тоа 25 години по објавувањето на песната.

Песната беше објавена во 1994 година, но не беше издадена како сингл, па не можеше да конкурира за Билбордовата листа.

Кога се сменија правилата, таа се најде во 100-те најслушани песни првпат во 2000 година, а последниве години се доближи до врвот.

„All I Want for Christmas Is You“ е една од најпознатите божикни песни на сите времиња и во моментот е најслушаната песна на Spotify во Велика Британија.

Откако нумерата беше искористена за потребите на филмот “Lоve, Actually”, нејзината популарност нагло започна да расте.

Инаку, пред неколку дена Мараја Кери објави нов бидео запис за „All I Want for Christmas Is You“.


[There are no radio stations in the database]