Билетите за Златна Бубамара продадени за 90 минути

Written by on февруари 7, 2019

Билетите за најголемиот музички и културен настан, Златна Бубамара на популарноста, вчера беа распродадени за само 90 минути.
На он-лајн сервисот за продажба на карти имаше повеќе од 14.000 побарувања во минута.
Поради преголем интерес, ќе се обидеме во текот на наредната недела да обезбедиме уште една помалa количина на билети за сите љубители на вистинските вредности и добрата забава.
Инаку, во изминатите 2 месеца траат подготовките за манифестрацијата на која ќе учествуваат најголемите уметници од Македонија и регионот.
Слоганот за ова 22 издание е:
Од нас добивте 22 години, па кој ви има дадено повеќе?!
Златна Бубамара на популарноста
21.Февруари ВИП АРЕНА БОРИС ТРАЈКОВСКИ


[There are no radio stations in the database]