„Биди со мене“- нов сингл на Наташа Малинкова

Written by on ноември 26, 2019

Наташа Малинкова, денес, 26 ноември 2019,  ја промовира својата најнова песна со наслов – „Биди со мене“ на која како автор се потпишува веќе добро познатиот и проверен нејзин соработник  и колега од ноќните настапи, Столе Аврамов.

За разлика од претходната тема со која учествуваше на овогодишниот „Макфест“ во Штип,  а станува збор за песната „Што ли да направам“, ова е нешто сосема поразлично и можеби помалку неочекувано изјави Наташа.


-„Искуството низ годините и ноќните настапи ни се единствениот репер за тоа што би сакала публиката да слуша. Мешање на стилови од ретро, до песни со модерни аранжмани… Сакавме во период кога ни претстојат убави празници, во моменти кога сме опкружени со луѓето што ги сакаме и не сакаат, да им подариме една убава поп – латино тема во која мислам дека секој еден може да се пронајде“ – изјави Наташа.

Инаку за оваа нова песна Малинкова сними и интересен видеоспот, на кој како режисер се потпишува Владислав Гавриловски.

По новогодишните празници, Малинкова планира да објави уште еден сингл кој ќе се најде и на нејзиниот долгоочекуван албум.

фото: фб Наташа Малинкова


[There are no radio stations in the database]