„Биди каков што си“ е новиот 5+Хит!

Written by on јануари 14, 2021

Во оптимистички дух, со песната „Подобро ќе е“,  5+ Фамилија ја испратија 2020 година, а на самиот почеток на 2021, ги изненадија своите фанови со уште еден нов сингл.

Новата песна која е насловена „Биди каков што си“, ќе ве остави без здив, бидејќи како што велат од 5+ Бенд ❤️ Само љубов во срце носи и заразен ритам нека те вози ❤️

и порачуваат: „Најдобар распуст досега со новиот 5+ хит и новата сезона на 5+ Фамилија во најава!“ 🎶🎶🎶

Музика, текст и аранжман: Мите Димовски
Снимено и продуцирано во студио „Тра-ла-ла“
БИДИ КАКОВ ШТО СИ
Учи, учи, глава бучи
А умот врти, сучи
Учи, учи, глава бучи А умот врти, сучи Срце чука тика, так, тика, тика, тика, так
Учи, учи, глава бучи
Сега, сега, сега ќе ѕвони.
Математика, физика, хемија, јазици, македонски, француски, германски, англиски, ликовно и природни науки
Сто проекти имам сè на глава ми тежи
Мама и тато викаат само не се ежи.
Биди каков што си
Само љубов во срце носи
Биди каков што си
Само љубов во срце носи.
А мене само ми се…
Сега учам преку нет
Учам дома преку нет
Нема ѕвоно, голем одмор
Нови правила цел свет
Седам дома, само дома,
Дома, дома, цел ден дома
Цел ден дома, само дома
Седи дома.
Нема лица, само поглед,
Нема дај ми рака, гушка
Нема носи ме на кино
Нема носи ме на ушка
Мијам раце, носам маска
Сите, сите сме со маски
Фали друштво, фали класна
Ново правило – дистанца.
Биди каков што си, биди каков што си, биди каков што си
Само љубов во срце носи, само љубов во срце носи
Биди каков што си, биди каков што си, биди каков што си
Само љубов во срце носи, само љубов во срце носи.
А мене само ми се…

[There are no radio stations in the database]