„Бен Хур“ ја сними „Беше друга Македонија“: Кој ја зезна работата?

Written by on ноември 21, 2020

Деновиве е промовирана новата песна „Беше друга Македонија“ на прилепската група „Бен Хур“. Песната со носталгичен призвук зборува за времето пред 1990-тите години и за моралните, етички, културолошки и спортски вредности на тоа време. Музиката и текстот ги напиша Душко Темелкоски.

-Инспирација беше самосознавањето дека ниту јас, ниту моите познаници не сме оние истите од пред 90-ите години во таа, друга Македонија. Некој многу ја зезна работата – вели Душко.

Аранжманот е на Борче Шабаноски, од чие студио излегува оваа продукција.

Песната се промовира со видео-запис, во кој се вклучени стари фотографии и кратки видео-инсерти за настани и личности од светот на музиката, спортот, театарот, филмот, кои се спомнати во текстот на песната.

 

Групата „Бен Хур“ од Прилеп постои од 1994 година, кога Борче Шабаноски и Душко Темелкоски, екс-гитаристот и клавијатуристот на популарните „Ристо Бомбата и кучешка тенија“ ја снимија својата прва песна „Секс, пиво, рокенрол“.

Следуваше успешен настап на Поп-рок фестивалот во Скопје, по што е снимен истоимениот албум, кој на манифестацијата „12 Величенствени“ на Македонската телевизија беше номиниран во две категории – за најдобар албум и најдобар продуцент на годината (Брацо Зафироски).


[There are no radio stations in the database]