Бајага и Инструктори со „Концерт за црвена зона“!

Written by on декември 16, 2020

„Посветено на сите медицински работници во борбата против Ковид 19!“

Несекојдневниот „Концерт за црвена зона“ на Бајага и Инструктори е снимен оваа есен на стадионот Ташмајдан во Белград.

Со желба да им се оддолжат на сите медицински работници кои со месеци се грижат за нашето здравје и животи за време на пандемијата на корона вирусот, но секако и да останат во контакт со нивната верна публика – Бајага и Инструктори одржаа концерт (без публика, почитувајќи ги сите препорачани мерки) на кој  премиерно ги изведоа и песните од новиот, 13. студиски албум „Овај свет се мења“. (ПГП РТС и Кроација рекордс)

Видео записот од концертот на легендарната рок група, како што вели Бајага, е подарок за сите генерации фанови, кои го следат бендот веќе три и пол децении …


[There are no radio stations in the database]