Бајага и Биковиќ со заедничка песна за филмот „Хотел Белград“!

Written by on февруари 17, 2020

Еден од најпопуларните српски актери Милош Биковиќ и музичката легенда Момчило Бајагиќ Бајага, како изненадување за Денот на вљубените, а во пресрет на премиерата на романтичната комедија „Хотел Белград“ ја објавиа песната „Дарја“, изведена заеднички токму од младиот актер и искусниот музичар.

„Оваа песна е создадена за филмот „Хотел Белград“ како знак на благодарност на нашата прекрасна актерка Дијана, која со својот талент и верба во овој проект, овозможи Белград и Србија да заблескаат со нов сјај под филмските рефлектори“, рече Милош Биковиќ, кој покрај посочената руска актерка ја има главната улога во филмот.

Тој, исто така, посебно му се заблагодари на Бајага : “Јас пораснав со твоите песни. Чест ми е да ја споделам оваа трошка креативност со тебе, легендо”.

Инаку, премиерата на „Хотел Белград“ е закажана за 10 март во Белград.


[There are no radio stations in the database]