Балканскиот романтичар Жељко Самарџиќ со нова балада!

Written by on јануари 28, 2020

Кон крајот на минатата година, балканскиот романтичар Жељко Самарџиќ ја израдува својата публика со две нови екранизирани песни, „Не капирам“ и „Не спомињи љубав“, како и со два концерти во Сава центар, со кои  одбележа „25 години љубов од Белград“.

Веќе во почетокот на новата 2020 година, за обожавателите на неговата музика, Жељко подготви уште едно изненадување, уште една нова песна и видео.

Прекрасната балада е насловена „Можда“.

Музиката и текстот ги напиша Драган Брајовиќ Браја, а аранжманот е на Мирослав Столица.

 


[There are no radio stations in the database]