„Ај Кју“ ја преработија песната „Јано мори“

Written by on октомври 3, 2019

Ова дуо, по настапот на Евровизија 2018, е многу активно низ Европа и Австралија и поголемиот дел од оваа година го помина во Лондон работејќи на нов материјал.

Бојан Трајковски и Марија Ивановска одлучија да ја изненадат македонската јавност со едно уникатно музичко остварување.

Главниот и одговорен иницијатор за оваа уникатна преобразба на „Јано Мори“, е Бојан, а на оваа добро позната мелодија многу природно се надоврзува гласот на Марија .

За песната е изработен и видео спот во режија на Кристијан Шемко.

Подготвена е и верзија со англиски текст која ќе се промовира на меѓународниот пазар следниот месец.


[There are no radio stations in the database]