Ај Кју и Тони Зен ја преработија безвременската „Песна за Скопје“ (Градот убав)

Written by on август 26, 2020

Легендарната „Песна за Скопје“ или „Градот убав“ на маестро Алаксандар Џамбазов и Бошко Смаќоски доживеа нова и свежа верзија.

Ај Кју и Тони Зен ги споија енергиите, ја преработија оваа песна и со надополнет и изменет текст и во еден сосема нов аранжман и вдахнаа нов живот.

Аранжманот го изработи Бојан Трајковски, а текстот го надополни Тони Зен.

Инаку, песната беше дел од фестивалот Скопје Лајт Арт Дистрикт кој се оддржа под мотото „Градот зелен пак ќе никне“ во организација на Универзална Сала под покровителство на Град Скопје.


[There are no radio stations in the database]