„Ах, тие очи“ пеат Девојките

Written by on јули 2, 2019

Трите девојки од Велес -Наталија, Сандра и Моника, кои го сочинуваат триото „The Chicks“ (Девојките), ја освежуваат македонската музичка сцена со својот нов, втор по ред авторски сингл насловен „Ах, тие очи“.

Музиката и аранжманот ги потпишува Сашко Костов, а текстот и коаранжманот се на самите „The Chicks“.

Музички продуцент е Дино Зуќиќ, кој ја снимал и продуцирал песната.

Сето тоа визуелно е дополнето со прекрасно видео што го изработи екипата на студиото  „Пента“.

фото: фб на Девојките


[There are no radio stations in the database]