„Ареа“ со нов хит – „Те спомнувам“

Written by on декември 6, 2019

Познатиот македонски рок-бенд „Ареа“, објави нова песна, насловена „Те спомнувам“.

Песната е целосно авторско дело на самиот бенд – текст, музика, аранжман и продукција, а спотот е снимен под режисерската палка на Кристијан Шемко.

Видео записот за песната е снимен на неколку локации во Гостивар – родниот град на бендот, односно во градскиот парк, Домот на културата и рок барот Пинк Флојд.

Дефинитивно, ова е вистинско освежување за македонската музичка сцена.


[There are no radio stations in the database]